•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ТТК Банка АД Скопје го обнови сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Во пресрет на Светскиот ден на правата на потрошувачите – 15 Март, со задоволство објавуваме дека ТТК Банка АД Скопје повторно го доби сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“! 
Во март 2025 година, ТТК Банка успешно ја заврши постапката за ресертификација и повторно го доби ова значајно признание, доделено од Организацијата на потрошувачите на Македонија. Сертификатот ја потврдува посветеноста на Банката кон фер, транспарентни и одговорни финансиски услуги, како и кон постојаното унапредување на искуството на потрошувачите.

Горди сме што нашиот модел на фер и транспарентно работење е препознаен од Организацијата на потрошувачите. Овој сертификат е потврда за посветеноста на ТТК Банка кон почитувањето на правата на потрошувачите и создавањето на висококвалитетни и професионални односи со клиентите. ТТК Банка продолжува да применува развиен, силен и одржлив модел на деловно работење, со фокус кон потребите на клиентите. Нашиот слоган ‘’Кога сакаш повеќе’’ ја отсликува нашата посветеност кон создавање широко достапни и иновативни продукти и услуги, прилагодени на современите потреби и динамичниот начин на живот. – изјави Претседателот на Управниот одбор д-р Драгољуб Арсовски.

Ресертификацијата се темели на усогласеност со шест клучни области од значење за потрошувачите, вклучувајќи:

  • Јасни, точни и разбирливи информации за финансиските производи и услуги;
  • Чесни пазарни практики и заштита на правата на потрошувачите;
  • Еднаква пристапност за сите клиенти, вклучително и лица со посебни потреби;
  • Транспарентен и ефикасен систем за управување со поплаки;
  • Континуирана финансиска едукација за потрошувачите;
  • Одговорно и етичко управување со клиентските односи.
ТТК Банка АД Скопје продолжува да одржува високи стандарди во почитувањето на правата на потрошувачите, ефикасната поддршка и понудата на квалитетни финансиски услуги!