ТТК Банка АД Скопје ги известува сите клиенти - учесници кои поднесоа барање за учество на втората аукција за граѓанската обврзница којашто се одржа на ден 7.11.2023 година дека Банката ги запиша сите уплатени средства од клиентите и дека кај издавачот е запишан целиот уплатен аукциран износ.
Уплатата на средствата ќе се изврши на 14.11.2023 година, кога клиентите ќе станат сопственици на граѓански обврзници.
ТТК Банка АД Скопје поединечно ќе ги извести клиентите - учесници за купените граѓански обврзници преку деловната мрежа на Банката, односно преку филијалите и експозитурите.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје