•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Известување за исплата на пензиите од 1 октомври 2024

Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје започна со исплата на пензијата за месец септември од денеска, 1 октомври 2024 година.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка можат да располагаат со пензијата од вторник 1.10.2024 година и можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата од 1.10.2024 година можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.

Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку интернет банкарство TTK E-bank или мобилната апликација TTK M-bank или со користење на платежните картички за плаќање во трговската мрежа.

Со почит,
ТТК Банка АД Скопје