•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Денес го одбележуваме 18-от роденден на ТТК Банка АД Скопје!

Денес одбележуваме 18 години од работењето на ТТК Банка АД Скопје под овој бренд. Приказната на ТТК Банка започна на 1 јули 2006 година, со спојувањето на Тетекс – Кредитна банка АД Скопје и Тетовска банка АД Тетово - две банки со над 50-годишно постоење и традиција.

Благодарение на долгогодишното искуство, како и на ентузијазмот, посветеноста и ангажираноста на нашиот тим и менаџментот, постигнавме значаен раст и развој во изминатите 18 години.

Во изминатите години, ТТК Банка ја зацврсти нејзината пазарна позиција, применувајќи ги основните начела на банкарското работење: стабилност, ликвидност, профитабилност и солвентност.


ТТК Банка денес е препознатлива како стабилна, растечка и иновативна банка со доминантен домашен капитал и значителни резултати во сите аспекти на деловното работење, обезбедувајќи силна финансиска поддршка за граѓаните, компаниите и заедницата.

Со нејзиниот изграден здрав деловен модел и потврден капацитет со 259 вработени, 31 деловна локација низ земјата и широко распространета мрежа на банкомати на над 80 локации, продолжуваме со реализација на стратешките иницијативи за раст и иновации, преку поддршка на нашите клиенти и следење на современите трендови на банкарскиот пазар.

Со атрактивни и конкурентни производи и услуги, градиме правичен однос и обезбедуваме брза и ефикасна услуга, континуирано следејќи го патот на финансиската независност и просперитет.

Голема благодарност до нашите клиенти за укажаната доверба и лојалност сите овие години, до нашите акционери и до деловните соработници за континуираната поддршка, а особена благодарност до нашите вработени за нивниот труд, ангажман и професионалност!

Вашата верност и посветеност се нашата инспирација и мотив за понатамошен раст и развој.

Остануваме силно посветени на визијата да бидеме прв избор за нашите клиенти и вработени, водечка банка по квалитетот на услугата и задоволството на клиентите.

Да славиме уште многу години заедно и да продолжиме да создаваме успех и иднина!