ТТК Банка АД Скопје повторно ќе посредува при купување на Граѓанската обврзница издадена од Министерството за финансии на аукцијата која ќе се одржи на 12.12.2025.
Граѓанската обврзница е достапна за купување и преку деловната мрежа на ТТК Банка АД Скопје.
Согласно Проспектот заинтересираните клиенти потребно е во филијалите и експозитурите на Банката да поднесат барање за учество на аукцијата за истата и да ги уплатат средствата заклучно со 10 декември 2025 година.
Граѓанската обврзница е финансиски инструмент со рочност од две години, има купонска каматна стапка од 4,50%, која се исплаќа секоја година на вложениот износ, а по истекот на рокот се исплаќа и главницата.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје