Почитувани,
ТТК БАНКА АД Скопје објавува повик за избор на најповолен понудувач за набавка на 50 ПОС терминали, согласно дадената техничка спецификација. Прилог 1, Техничка спецификација
Предмет на набавка: Набавка на 50 ПОС терминали
Предметот на набавка не е делив на делови.
Критериум за избор: Изборот ќе се врши врз основа на критериумот економски најповолна понуда, поточно
- цена – до 80 бода и
- гаранција – до 20 бода
Облик и содржина на понудата:
1. Понудата се изработува во писмен облик
2. Понудата треба да содржи:
- Назив, адреса и седиште на понудувачот, телефонски број, e-mail адреса и лица за контакт
- Цена на понудата, со посебно изразен ДДВ.
- Рок и начин на испорака
- Гаранциски период (рок за рекламација на купените производи)
Лицa за контакт од Банката:
- Владимир Крстевски, емаил: vladimir.krstevski@ttk.com.mk, телефон: 070 282 024
Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен коверт во писарницата на Банката на следната адреса:
ТТК БАНКА АД Скопје
Ул. Народен фронт 19а, 1000 Скопје
(со назнака ПОС терминали).
Рокот за доставување на понудите е 14.08.2024 година до 16.00 часот.
Прилог: спецификација