Почитувани,
Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензијата за месец октомври од 1 ноември 2023 година.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка ќе можат да располагаат со пензијата од среда 1.11.2023 година и ќе може да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата од 1.11.2023 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.
Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank или со користење на платежните картички за плаќање во трговската мрежа.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје