•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ЈАВЕН ПОВИК за избор на најповолен понудувач за набавка на Услуги за хигиенско-техничко одржување на просториите на Банката и набавка на потрошни материјали за лична хигиена

ТТК БАНКА АД Скопје објавува Јавен повик за избор на најповолен понудувач за набавка на услуги за хигиенско-техничко одржување на просториите на Банката (централа, филијали и експозитури) и набавка на потрошни материјали за лична хигиена, согласно дадена спецификација на локации и количини (во прилог).

 

Набавката ќе се извршува во период од три години, за што Банката со избраниот понудувач ќе склучи договор за одржување и набавка.

 

Облик и содржина на понудата:

 

1.  Понудата се изработува во писмен облик

2.  Понудата треба да содржи:

  • Назив, адреса и седиште на понудувачот, броеви на телефон и факс, e-mail адреси и лица за контакт
  • Тековна состојба на фирмата не постара од 3 месеци
  • Единечна цена на понудата, со посебно изразен ДДВ
  • Рок на плаќање.
  • Референтна листа, искуство и професионална оспособеност

 

Пропратна документација кон понудата, понудувачите треба да достават:

-       Финансиски извештаи за претходната година (ревидирани)

-       План за континуитет во работењето

 

Изборот на најповолен понудувач ќе се врши врз основа на критериумите најниска цена до 80 бода, соработка до 10 бода и квалитет до 10 бода.

 

Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен коверт во писарницата на Банката секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот на следната адреса:

 

ТТК БАНКА АД Скопје

Ул. Народен фронт 19а, 1000 Скопје

(со назнака: Услуги за хигиенско-техничко одржување).

 

Спецификација за достава на понуда

 

Рокот за доставување на понудите е 01.06.2022 година до 16:00 часот.