•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

СУПЕР станбен кредит 5

Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица над 18 години, вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 12 месеци или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, акционерски друштва, институции прифатливи за Банката, приматели/неприматели на плата со минимален износ на месечни примања од 12.000 денари остварени во РСМ.
  • Пензионери кои примаат/не примаат пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје, со минимален износ на месечни примања од 9.000 денари.
  • Месечниот ануитет треба да изнесува најмногу 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот може да се вклучат кредитоспособни ко-кредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот.
Намена на кредитот
  • За купување нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице.
  • За градба, доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа).
  • За рефинансирање на станбен кредит од друга банка.
Износ и учество
  • Од 5.000 евра до 300.000 евра во денарска противвредност (во зависност од кредитоспособноста).
  • Oд 5.000 евра до 25.000 евра во денарска противвредност за реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор.
  • Сопствено учество од 10% (% од вредноста на станот/куќата што се купува, гради, доградува, надградува).
  • Се земаат предвид и претходно извршени уплати реализирани пред аплицирањето. Корисникот треба да обезбеди доказ за извршена уплата.
Валута
  • Денарски кредит со ЕУР клазула (ЕУР - среден курс на НБРСМ).
Каматна стапка

3,20%

годишна фиксна каматна стапка за првите пет години

Приматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје

(I категорија)


6,872% (6 месечен ЕУРИБОР + 3,20 процентни поени, но не пониска од 3,20%) годишна променлива каматна стапка по истекот на првите пет години.

4,90%

годишна фиксна каматна стапка за првите три години

Неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје

(II категорија)


10,572% (6 месечен ЕУРИБОР + 6,90 процентни поени но не пониска од 6,90%) годишна променлива каматна стапка по истекот на првите три години.

  • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
  • Пресметката на каматата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
Рок на отплата
  • Од 60 месеци до 360 месеци (до 240 месеци за деловен простор и земјиште во градба) со вклучен грејс-период до 12 месеци.
  • Oд 60 месеци до 180 месеци за реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор, без грејс-период.
Начин на отплата
  • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
  • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
Обезбедување
  • Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (1:1 до 1:6 во зависност од атрактивноста на објектот).
  • Меница и менична изјава за кредитобарателот и ко-кредитобарателот.
  • Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот, ко-кредитобарателот/ите и согласност за активирање (доколку ја издава акционерското друштво/буџетската државна институција/јавното претпријатие).
Документи за наплата
  • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија (од ПИОМ) преку Банката.
Исплата
  • Исплата на средства според купопродажен договор на платежна сметка на продавачот.
Надоместоци
ПРОМОТИВНО
  • 0,50% мин. 6000 денари надометок за одобрување кредит во промотивен период до 31.1.2025 година (Без надоместок за одобрување на кредит за затворање на изложеност од друга банка). 
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за обработка на барање за кредит.
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање на кредитот. 
Трошоци
  • БЕЗ ТРОШОК за процена на вредноста на недвижниот имот до 31.12.2024 година.
  • Трошок за интеркаларна камата.
  • Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа.
  • Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија.
Вид на кредитот Станбен кредит
Износ 40.000,00 евра.
Рок на отплата 360 месеци.
Износ на ануитет 172,98 евра во првите пет години; 249,30 евра во останатиот период.
Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.
Каматна стапка 3,20% годишна фиксна к.с. во првите пет години; 6,872% променлива к.с. во остатокот од периодот на отплата.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 5,67%.
Вкупен износ за плаќање 85.392,29 евра.
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
Износ на кредитот 40.000,00 евра.
Вкупен износ на камата за кредитот 45.184,18 евра (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).
Надоместок за обработка на барање 0,00 евра.
Надоместок за одобрување на кредитот 12,299 денари (0,50% мин. 6000 денари надоместок за одобрување)
Трошок за меница 500 денари
Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:
Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот 0,00 денари (во промотивен период до 31.12.2024 година).
Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката Во согласност со нотарската тарифа.
Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици Трошокот за полисата се утврдува дополнително во согласност со законската регулатива и тарифата на осигурителното друштво.
Датум на пример 01.10.2024 година.