•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Тргување со акции без провизија преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорскиот ден“ на 13 септември 2024 година

TTK Банка АД Скопје и оваа година, по петти пат се приклучи кон одржувањето на „Инвеститорскиoт ден“ на 13 септември 2024 година и на нејзините клиенти - индивидуални инвеститори ќе им овозможи да тргуваат со акции на Македонската берза без трансакциски трошоци.

На „Инвеститорскиот ден“ - сите домашни физички лица кои ќе склучат трансакција за тргување со хартии од вредност во висина на износ на остварен дневен промет по индивидуален инвеститор до 10.000 евра во денарска противвредност според среден курс на НБРСМ на денот на тргување, нема да им се наплати провизија за купување и продавање акции по налог и за сметка на клиент.

Услов за примена е секоја склучена трансакција кумулативно да ги исполнува следниве услови:

  • Трансакцијата да се однесува на купување или продавање на акции од страна на индивидуални инвеститори – домашни физички лица;
  • Трансакцијата да е склучена во рамки на редовното тргување со акции во БЕСТ системот;
  • Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор не треба да изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои ќе биде остварен;
  • Трансакцијата да биде склучена исклучиво преку клиентска сметка согласно Правилата за тргување на Берзата, односно сопственичка сметка согласно Правилата за работа на Депозитарот.

Во согласност со решението на Комисијата за хартии од вредност, од 2003 година ТТК Банка АД Скопје настапува како овластен учесник на пазарот на капитал. Тргувањето се извршува во регистрираните простории на Одделот за работа со хартии од вредност на Банката во Скопје, а налози од клиенти се примаат во сите филијали и експозитури на Банката ширум Републиката.

За повеќе информации заинтересираните инвеститори може да се обратат во експозитурите и филијалите на Банката, или пак во Одделот за работа со хартии од вредност на Банката, на телефонскиот број 02/ 3 247 000 локал 495, 496 и 497.

Со почит,

ТТК Банка АД Скопје

Arrow left white Arrow left white