По повод одбележување на 14 јуни- Светскиот ден на крводарителството и во пресрет на годишнината од основањето на Банката (1-ви јули), ТТК Банка организираше крводарителска акција во соработка со Црвениот Крст – ОО Центар.
Под мотото „Дарувај крв, спаси живот“ и со силна свест за значењето на највредниот животен подарок- крвта, нашите колеги доброволно се пријавија за да помогнат на оние на кои им е најпотребно и да спасат животи.
Со гордост споделуваме дека преку акцијата се собрани 43 единици крв, со што колегите ја покажаа својата хуманост и несебичност на дело, а особено радува фактот што 30 од нив станаа крводарители по прв пат.
Имајќи во предвид дека само една дарувана ќеса крв може да спаси дури три човечки животи горди, сме што оваа иницијатива обедини 43 човечки срца кои решија да го направат светот подобро место и 30 нови херои кои за прв пат го почувствуваа значењето на дарувањето живот.
Горди сме на одзивот и на хуманоста која ја покажаа нашите вработени, кои не само што придонесоа за спасување животи, туку и го потврдија нашиот заеднички дух на солидарност и грижа за заедницата.
Банката изразува особена благодарност и почит кон крводарителите кои безрезервно ја покажаа својата хуманост дарувајќи крв, но и до вработените на Црвениот крст – ОО Центар и екипата на Институтот за трансфузиона медицина за успешната реализација
ТТК Банка и во иднина ќе продолжи да ја поддржува оваа благородна мисија и да поттикнува хуманост и љубов кон животот!