•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ТТК Банка – традиционален поддржувач на детскиот фестивал „Јаболчиња“ во Тетово

ТТК Банка и оваа година беше горд спонзор на детскиот музички фестивал „Јаболчиња“, кој по јубилеен 30-ти пат се одржа на 1.6.2025 година (недела) во Тетово.

Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ викендов беше исполнет со детска музика, безброј насмевки и безгрижна радост – вистински празник на детската креативност и талент.

Со континуираната поддршка на фестивалот „Јаболчиња“, ТТК Банка останува посветена на унапредувањето на културните и забавните содржини за најмладите. Ова е еден од ретките детски настани во Тетово што успешно опстојува со децении, а ние со гордост придонесуваме за неговото одржување и развој.

ТТК Банка и понатаму ќе остане посветена на својата мисија за општествена одговорност, активно поддржувајќи ги децата и младите генерации.

Arrow left white Arrow left white