Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје започна со исплата на пензијата за месец ноември од денеска, 2 декември 2024 година.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка можат да располагаат со пензијата од понеделник 2.12.2024 година и можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата од 2.12.2024 година можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.