•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 5 ноември 2024 година

Ве известуваме дека oд 5.11.2024 година (вторник) ТТК Банка АД Скопје започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец октомври 2024 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната платежна сметка во Банката.
Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со средствата од 5.11.2024 година (вторник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
За корисниците кои не користат картички, исплатата да се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
- 5.11.2024 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
- 6.11.2024– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Ви препорачуваме средствата да ги користите првенствено со безготовински плаќањa во трговската мрежа, со плаќања преку интернет банкарство TTK E-bank или мобилната апликација TTK M-bank, или да ги подигнувате без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје