Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра ТТКО.
Исплатата на камата ќе се изврши на 18.09.2024 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница-прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.09.2024 година.
Тргувањето со обврзниците во деновите 16 и 17 септември 2024 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 365 и 366 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 18 и 19 септември 2024 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена (+) акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на Корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 18 и 19 септември 2024 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата.