•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Известување за запишување на нова емисија на акции

Во согласност со Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за запишување нова емисија на акции:

            Во согласност со Решението на Народната банка на РСМ за издавање претходна согласност за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје од 29 април 2024 година, извршено е зголемување на основната главнина со средства на Банката со издавање на 67.587 обични акции, по пат на приватна понуда од IV (четврта) емисија на акции.

            Зголемувањето на основната главнина на Банката е запишано во Централниот регистар на РСМ на ден 9.5.2024 година, а на ден 10.5.2024 година извршен е упис во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

            По запишувањето на новата емисија на акции, основната главнина на ТТК Банка АД Скопје изнесува 1.033.173.000 денари и таа е поделена на 1.033.173 обични акции, секоја со номинална вредност од 1.000 денари.