Признание за најдобар службеник на ТТК Банка АД Скопје доделено од МБА на Марија Чадиковска – раководител на Одделот за управување со пазарен, оперативен и останати ризици
На настанот по повод Светскиот ден на штедењето што се одржа вчера, на 31.10.2023 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити , беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа, а номинирани од страна на банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.
Препознавајќи го квалитетот, професионалноста, посветеноста и успешното деловно работење, оваа година, ТТК Банка АД Скопје ја номинираше Марија Чадиковска – раководител на Одделот за управување со пазарен, оперативен и останати ризици за најдобар банкарски службеник.
Честитки за успехот на нашата колешка! Веруваме дека ова признание ќе биде поттик за уште поголеми идни остварувања!
ТТК Банка АД Скопје е континуирано насочена кон поддршка на развојот на потенцијалот и успесите на нејзините вработени.