ТТК БАНКА АД Скопје објавува Јавен повик за прибирање понуди за набавка на 35 канцелариски столици и 20 конференциски столици за клиенти со спецификацијата во прилог на овој повик.
Понудувачите можат да се пријават за сите или само за дел од предвидените точки во јавниот повик во согласност со спецификацијата со количини.
Од денот на прифаќање на понудата, Банката ќе склучи договор за набавка со избраниот најповолен понудувач.
Форма и содржина на понудата:
1. Понудата се изработува во пишана форма
2. Понудата треба да содржи:
- Назив, адреса и седиште на понудувачот, телефонски број, адреса за е-пошта и лица за контакт;
- Единечна цена на понудата, со посебно изразен ДДВ. Цената треба да биде изразена во денари и во неа да биде вклучен транспортот до централниот магацин на Банката на ул. „Народен фронт“ 19А Скопје;
- Рок и начин на испорака;
- Гаранциски период (рок за рекламација на купените производи).
Изборот на најповолен понудувач ќе се врши врз основа на критериумот „најниска цена“.
Понудите се доставуваат во оригинал или во копија, во затворен коверт во писарницата на Банката на следнава адреса:
ТТК БАНКА АД Скопје
ул. „Народен фронт“ 19а, 1000 Скопје
(со назнака: НЕ ОТВОРАЈ, Набавка на столици)
Рокот за доставување на понудите е понеделник 17.3.2025 г. до 15:30 часот.
Прилог: спецификација