ТТК БАНКА АД Скопје објавува Јавен повик за избор на најповолен понудувач за снабдување со електрична енергија за потребите на Банката за 2025 година.
Снабдувањето ќе се врши во период од една година, поточно во периодот од 1.4.2025-31.3.2026 година.
Предвидената потребна количина електрична енергија за период од една година изнесува околу 800.000 KWh.
Напомена: Претпоставената количина за набавка е ориентациска, добиена врз основа на историски податок за потрошена електрична енергија во претходните години. Банката не презема обврска за целосно искористување на предвидените количини.
По прифаќање на најповолната понуда, ТТК Банка АД Скопје ќе склучи договор за снабдување со избраниот добавувач.
Форма и содржина на понудата:
1. Понудата се изработува во пишана форма
2. Понудата треба да содржи:
- Назив, адреса и седиште на понудувачот, телефонски број, адреса за е-пошта и лица за контакт.
- Цена во денари со сите вклучени трошоци по KWh.
Изборот на најповолен понудувач ќе се врши врз основа на елементите на критериумот „најниска цена со сите вклучени трошоци за испорачан KWh“.
Понудите се доставуваат во оригинал или во копија во затворен коверт во писарницата на Банката на следнава адреса:
ТТК БАНКА АД Скопје
ул. „Народен фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје
(со назнака „Не отворај” – Набавка на електрична енергија).
или скенирана на адресата за е-пошта: nabavki@ttk.com.mk
Рокот за доставување на понудите е 14.3.2025 година до 14:00 часот.