•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ЈАВЕН ПОВИК (ПЈП бр.06/2024) за избор на најповолен понудувач за набавка на 20 компјутери со лиценци

ТТК БАНКА АД Скопје објавува Јавен повик  за прибирање на понуди за набавка на 20 компјутери со лиценци за потребите на Банката во согласност со спецификацијата во прилог на овој повик.

 

Понудувачите можат да аплицираат на сите или на само дел од предвидените точки во јавниот повик согласно спецификацијата со количини.

Банката со избраниот најповолен понудувач ќе склучи договор за набавка од денот на прифаќање на понудата.

 

Облик и содржина на понудата:

 

1.  Понудата се изработува во писмен облик

2.  Понудата треба да содржи:

 

  • Назив, адреса и седиште на понудувачот, телефонски број, e-mail адреса и лица за контакт;
  • Единечна цена на понудата, со посебно изразен ДДВ. Цената треба да биде изразена во  денари  и  во  неа  да  биде  вклучен  транспортот  до Центалниот магацин на Банката на ул. „Народен Фронт" 19А Скопје;
  • Рок и начин на испорака;
  • Гаранциски период (рок за рекламација на купените производи).

 

Изборот на најповолен понудувач ќе се врши врз основа на елементите на критериумот економски најповолна понуда (цена - 80 бода, гаранција - 20 бода ).

 

Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен коверт во писарницата на Банката на следната адреса:

ТТК БАНКА АД Скопје

Ул. „Народен фронт" 19A, 1000 Скопје

( со назнака набавка на 20 компјутери со лиценци ).

 

Рокот за доставување на понудите е 14.02.2024 година  до 16.00 часот.

 

Прилог: спецификација