•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ТТК Банка ќе започне со исплата на дивиденда на 3.5.2022 година

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 3.5.2022 година ќе врши исплата на дивидендата за 2021 година.

 

Право на исплата на дивиденда за 2021 година имаат сите акционери на ТТК Банка АД Скопје кои се евидентирани во акционерската книга на ден 19.4.2022 година.

 

Исплатата на дивидендата на правни лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки во ТТК Банка. Во случај акционерот да не поседува сметка во ТТК Банка, исплатата се врши на сметка во друга банка, врз основа на доставен писмен допис од негова страна до Банката со инструкции на која сметка треба да се изврши уплатата на дивиденда.

 

Исплатата на дивидендата и плаќањето на персоналниот данок на физичките лица согласно Законот за данок на личен доход ќе се врши електронски преку системот на Е-ПДД на нивните сметки во ТТК Банка. Во случај акционерот да не поседува сметка во ТТК Банка, исплатата се врши на сметка во друга банка врз основа на пополнето Барање од негова страна со инструкции на која сметка треба да се изврши уплатата на дивиденда. Барањето треба да се достави до експозитурите на Банката или електронски до smetkovodstvo@ttk.com.mk. Барањето се наоѓа на шалтерите во експозитурите и на веб-страната на Банката.

 

Се повикуваат сите акционери физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетни лица или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.

 

Согласно член 85 став 11 од Законот за данок на личен доход секој акционер до крајот на 2022 година ќе добие пресметка на данокот на доход од дивиденда исплатена во 2021 година.

 

Дополнителни информации можат да се добијат на телефонските броеви (02) 3247 000 локал 448 или 449.