Почитувани,
Ве известуваме дека почнувајќи од 29 мај 2023 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец мај на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Oд 29.05.2023 г. (понеделник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:
- до 11.000 денари на 29.05.2023 г. (понеделник)
- од 11.001 до 14.000 денари на 30.05.2023 г. (вторник)
- од 14.001 до 18.000 денари на 31.05.2023 г. (среда)
- над 18.000 денари на 01.06.2023 г. (четврток)
Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје