•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ТТК Банка го одбележа Светскиот ден за заштита на животната средина

На 5 Јуни го одбележавме Светскиот ден за заштита на животната средина. По повод овој ден, ширум светот, се организираа еколошки акции, активности и кампањи за подигање на еколошката култура.

Во тимот на ТТК Банка имаме голем број на колеги кои редовно доаѓаат на своите работни места со велосипеди, електрични велосипеди или електрични тротинети.

Денот на животната средина го одбележавме со утринска дружба, кафе муабет и освежување, обединети на нашите еко-превозни средства и упативме јасна порака за унапредување на еколошката свест и потребата од создавање на здрави животни навики. Подготвивме и мало ЕКО изненадување- реупотребливо шишенце произведено со рециклирање на 6 x 0,33л алуминиумски конзерви за еднократна употреба со што ја пренесуваме пораката за намалување на отпадот во животната средина и фокусирање кон реупотребата.

Благодарност до сите ТТК колеги кои со своите еко навики секојдневно индивидуално придонесуваат за здрава и чиста животна средина.

Arrow left white Arrow left white