•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Известување за предвремена исплата на пензиите од 30 декември 2024

Почитувани пензионери,

Во пресрет на претстојните новогодишни празници со задоволство Ве известуваме дека исплатата на пензиите ќе се изврши предвреме, на 30 декември.

Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија од понеделник 30.12.2024 година и ќе може да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за безготовинско плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не користат дебитни картички, пензијата од 30.12.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.

Ви посакуваме добро здравје, многу среќа и радост, и бесценети мигови со Вашите најблиски во Новата 2025 година!
Среќни празници!

Со почит,
ТТК Банка АД Скопје