македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Кредити

Хипотекарен кредит со 4,70% годишна фиксна каматна стапка во првите три години со животно осигурување

Ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со ризико животно осигурување на ТТК Банка нуди нови поволни услови за кредитирање и рефинансирање на вашите обврски по кредитите. Искористете ја можноста за отплата на долг рок и по пониска каматна стапка. Со само една рата и повеќе средства на располагање во месецот, реализирајте ги вашите долго замислувани планови. Сега е лесно!

 

  • НИСКА ФИКСНА каматна стапка од 4,70% во првите три години
  • НАМАЛЕН НАДОМЕСТОК за одобрување на кредитот во промотивен период до 30.11.2021 година
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање на кредитот
  • БЕЗ ТРОШОЦИ за процена

  • Корисници

     

    ·      Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, акционерски друштва, институции прифатливи за Банката, приматели на плата преку ТТК Банка Банка со минимален износ на месечни примања не пониски од 12.000 денари, кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари  од 75 години.

    ·       Пензионери, приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка со минимален износ на месечни примања не пониски од 9.000 денари, кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари  од 75 години.

    ·       Пристапната возраст за полиса за ризико животно осигурување е од 18 до 65 години.

    Критериуми

    ·       Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.

    ·       Во кредитот МОЖЕ да се вклучат кредитоспособни ко-кредитобаратели.

    ·       За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.

    Износ

    (со вклучен износ на премија за ризико животно осигурување)

    ·       Од 180.000 денари до 12.000.000 денари.

    Валута

    ·       МКД.

    Рок на отплата

          

    ·       Од 12 до 240 месеци со вклучен грејс-период до 6 месеци.

    Каматна стапка

    (годишна)

    ·       4,70%  годишна фиксна каматна стапка во првите три години.

    ·       5,28% (НРС + 4,00 процентни поени) годишна променлива од четвртата година од отплатата до целосната отплата на кредитот.

    Трошоци

     

    ·       900 денари надоместок за обработка на барање.

    ·       0,25% мин. 6.000 денари намален надоместок за одобрување на кредит во промотивен период до 30.11.2021 година.

    ·       Без надоместок за администрирање на кредитот.

    ·       Трошоци за процена во согласност со Тарифа за надоместоци на услуги на Банката (без трошоци за процена на недвижен имот што служи како обезбедување на кредитот, до 31.12.2021 година).

    ·       Tрошоци за интеркаларна камата.

    ·        Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа.

    ·       Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија.

    ·       Трошок за полиса за ризико животно осигурување.

     

    Обезбедување

    ·       Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбе дувањето (1:1 до 1:6 во зависност од атрактивноста на објектот).

    ·       Меница со менична изјава.

    ·       Административна забрана на плата.

    ·       Траен налог.

    ·       Полиса за ризико животно осигурување.

    Полиса за ризико животно осигурување

    ·       ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

    ·      Полисата за ризико животно осигурување претставува осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит. Полисата овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

    ·      Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје и истата е винкулирана во корист на ТТК Банка.

    ·       Рокот на важност на полисата треба да го покрива најмалку целиот период на отплата на кредитот.

    ·       Премијата за полисата за ризико животното осигурување e вклученa во одобрениот износ на кредитот и се плаќа еднократно.

    ·       Висината на премијата за полиса за ризико животното осигурување се утврдува во зависност од висината на одобрениот кредит, возраста и полот на корисникот на кредитот, здравствен прашалник, а во согласност со тарифата на осигурителното друштво.

    СВТ

    ·       Преглед на СВТ

    Потребни документи

     

    ·       Апликација за кредит.

    ·       Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и ко-кредитобарателот.

    ·       Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата.

    ·       За вработени во приватни фирми образец ПП 53 (Декларација од УЈП) за последните 3 месеци за кредитобарателот и ко-кредитобарателот.

    ·       За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ).

    ·       Имотен лист.

    ·       Доказ дека имотот не е под залог.

    ·       Процена од овластен проценител на пазарната вредност на имотот кој се заложува за секоја година или процена од вработен проценител во Банката во согласност со Тарифата за надоместоци.

    ·       Осигурување на имотот и винкулација во користна ТТК Банка за сите години до конечна отплата на кредитот.

    ·       Извод од матична книга на родени/венчани.

    ·       Нотарски акт.

     

    Пример:

    Вид на кредитот

    Хипотекарен кредит во МКД со животно осигурување

    Износ

    2.000.000 денари.

    Рок на отплата

    240 месеци.

    Износ на ануитет

    12.870 денари во првите три години; 13.429 денари во остантиот период.

    Начин на отплата

    Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот.

    Каматна стапка
    (годишна)

    4,70% фиксна каматна стапка во првите три години.

    5,28% (НРС + 4,00 процентни поени) променлива од четвртата година од отплатата до целосната отплата на кредитот.

    Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

    5,26%.

    Обработка на барање за кредит

    900 денари.

    Надоместок за одобрување на кредитот

    0,25% мин. 6.000 денари намален надоместок во промотивен период до 30.11.2021 година.

    Надоместок за администрирање на кредитот

    Без надоместок.

    Трошок за меница

    500 денари.

    Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

    Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот

    Трошоци за процена во согласност со Тарифа за надоместоци на услуги (без трошоци за процена на недвижен имот до 31.12.2021 година).

    Нотарска награда за солемнизација на договорот за залог

    Во согласност со нотарската тарифа.

    Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга

    Не е познат.

    Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имото од сновни ризици

    Во согласност со тарифата на осигурителната компанија.

    Трошок за полиса за ризико животно осигурување

    Во согласност со тарифата на осигурителната компанија.

    Датум на пример

    30.9.2021 година

     

    Лице за контакт:

    Бојан Штерјовски

    Раководител на Оддел за работа со население

    Дирекција за деловна мрежа

    Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 480

    e-пошта: bojan.sterjovski@ttk.com.mk

     

     

    * Последна промена направена на интернет-страницата 1.10.2021 година.


     

    Известување за неработен ден – 11-ти октомври 2021 година (понеделник)
    Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти октомври 2021 година
    Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми септември 2021 година
    ТТК Банка АД Скопје ја исплати втората камата на сопствениците на Корпоративни обврзници - прва емисија
    Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво
    Тргување со акции без провизија преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорскиот ден“ на 13-ти септември
    Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 6-ти септември 2021 година
    Известување за предвремена исплата на пензиите од 31-ви август 2021 година
    ТТК Банка АД Скопје започнува со издавање и прифаќање Mastercard картички
    Одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година
    TTK Банка АД Скопје одбележува деценија и пол успешно работење
    ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“
    Кредити со животно осигурување во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје (со намален или без надоместок за одобрување во промотивен период)
    Одлуки донесени на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
    Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

    Заштита на лични податоци Политика за приватност Политика за колачиња
    Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување