македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Кредити

СУПЕР Станбен кредит 10 со 3,45% годишна фиксна каматна стапка во првите десет години со  животно осигурување

Кога ќе се наместат коцките лесно е да се направи вистинскиот избор! Остварете го својот сон за сопствен дом! Не пропуштајте ја можноста која Ви ја нуди СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје.


  • НИСКА ФИКСНА каматна стапка од 3,45% во првите ДЕСЕТ  години
  • БЕЗ ТРОШОК за аплицирање
  • НАМАЛЕН НАДОМЕСТОК за одобрување на кредитот во промотивен период до 30.11.2021 година
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање на кредитот
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата со сопствени средства
  • БЕЗ ТРОШОЦИ за процена
  • ГРЕЈС-ПЕРИОД до 12 месеци
  • СОПСТВЕНО УЧЕСТВО од 10%

Корисници

·          Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, акционерски друштва, институции прифатливи за Банката, приматели на плата преку ТТК Банка Банка со минимален износ на месечни примања не пониски од 12.000 денари, кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари  од 75 години.

·          Пензионери, приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка со минимален износ на месечни примања не пониски од 9.000 денари, кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари  од 75 години.

·          Пристапната возраст за полиса за ризико животно осигурување е од 18 до 65 години.

Критериуми

·          Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.

·          Во кредитот МОЖЕ да се вклучат кредитоспособни ко-кредитобаратели.

·          За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.

Намена на кредитот

·          За купување нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице.

·          За изградба, доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа).

·          За реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор.

·          За купување земјиште за градба со приложена маркица за градба.

·          За купување, како и градба/доградба/надградба на деловен простор.

·          За купување превземени средства на Банката.

·          За рефинансирање на станбен кредит од друга банка.

Износ

(со вклучен износ на премија за ризико животно осигурување)

·          Од 5.000 евра до 300.000 евра во денарска противвредност (во зависност од кредитоспособноста) односно до 25.000 евра во денарска противвредност за реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор.

·          10% сопствено учество (% од вредноста на станот/куќата што се купува, гради, доградува, надградува).

·          БЕЗ СОПСТВЕНО УЧЕСТВО доколку соодносот помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (залог на недвижен имот стан, куќа, деловен простор) е минимум 1:1,5.

Валута

·          МКД со девизна клаузула во денарска противвредност.

Рок на отплата

·          Од 60 месеци до 300 месеци (до 180 месеци за деловен простор и земјиште во градба) со вклучен грејс-период до 12 месеци.

·          Oд 60 месеци до 120 месеци за реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор, без грејс-период.

Каматна стапка

·          3,45% годишна фиксна каматна стапка во првите десет години.

·          6м ЕУРИБОР + 5,50 процентни поени, не пониска од 5,50% годишна променлива каматна стапка по истекот на првите десет години.

Трошоци

·          0,25% мин. 6.000 денари намален надоместок за одобрување на кредит во промотивен период до 30.11.2021 година.

·          Без надоместок за администрирање на кредитот.

·          Без надоместок за предвремена отплата од сопствени средства.

·          Tрошоци за интеркаларна камата.

·          Трошоци за процена во согласност со Тарифата за надоместоци на услуги на Банката (без трошоци за процена на недвижен имот што служи како обезбедување на кредитот, до 31.12.2021 година).

·          Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа.

·          Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија.

·          Трошок за полиса за ризико животно осигурување.

Обезбедување

·          Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (1:1 до 1:6 во зависност од атрактивноста на објектот).

·          Меница со менична изјава.

·          Административна забрана на плата.

·          Траен налог.

·          Полиса за ризико животно осигурување.

Полиса за ризико животно осигурување

·         ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

·         Полисата за ризико животно осигурување претставува осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит. Полисата овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

·         Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје и истата е винкулирана во корист на ТТК Банка.

·         Рокот на важност на полисата треба да го покрива најмалку целиот период на отплата на кредитот.

·         Премијата за полисата за ризико животното осигурување e вклученa во одобрениот износ на кредитот и се плаќа еднократно.

·         Висината на премијата за полиса за ризико животното осигурување се утврдува во зависност од висината на одобрениот кредит, возраста и полот на корисникот на кредитот, здравствен прашалник, а во согласност со тарифата на осигурителното друштво.

СВТ

Преглед на СВТ

Потребни документи

·          Апликација за кредит.

·          Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и ко-кредитобарателите.

·          За пензионерите - последен чек од пензија (од ПИОМ).

·          Потврда за редовен работен однос, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци (за кредитобарателот и кокредитобарателите).

·          Преддоговор за обезбеден станбен простор заверен на нотар.

·          Имотен лист за објектот што се става под хипотека (за сите намени) со нов датум-лист за предбележба за градежни компании клиенти /соработници на Банката и по дополнителна оцена на Банката.

·          За обезбедување куќа, земјиштето да биде со право на сопственост.

·          Доказ дека имотот не е под хипотека (Потврда од интабулационите книги издадена од Агенција за катастар на РМ) со нов датум.

·          Процена од овластен проценител на пазарната вредност на имотот кој се заложува за секоја година Полиса за осигурување на имотот под хипотека во висина која не треба да е пониска од изложеноста, со винкулација во корист на ТТК Банка, обновувана, годишно за целото времетраење на отплатата на кредитот.

·          Извод од матична книга на родени/венчани за да се докаже сопственоста на имотот (за да се обезбеди и согласност на брачниот другар на заложниот должник, доколку се работи за имот стекнат во брак)/Извод од тековна состојба – потврда дека не е отворена стечајна постапка/ликвидација.

·          Наведената документација е потребна за воспоставување на хипотеката без оглед за која намена истиот се пласира.

За купување

За сите видови градба 

- Преддоговор/договор за купопродажба на стан/куќа/заверен на нотар.

- Имотен лист/лист за предбележба и по потреба други документи кои се доставуваат на барање на Банката (решение за локација, графички приказ за локацијата, проект за изградба со предмер и пресметка со актуелни цени на пазарот заверен во проектантско биро и соодветната општина, дозвола за градба и потврда за платени комуналии).

Пример

Вид на кредитот

СУПЕР Станбен кредит 10 со животно осигурување

Износ

40.000 евра.

Рок на отплата

300 месеци.

Износ на ануитет

199,17 евра во првите десет години; 228,43 евра по првите десет години.

Начин на отплата

Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.

Каматна стапка

3,45% фиксна во првите десет години.

6м ЕУРИБОР + 5,50 процентни поени, не пониска од 5,50% од единаесетата година од отплатата до целосната отплата на кредитот.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

4,19%.

Надомест за одобрување на кредитот

0,25% мин. 6.000 денари намален надоместок во промотивен период до 30.11.2021 година.

Надомест за администрирање на кредитот

Без надоместок.

Трошок за меница

500 денари.

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот

Трошоци за процена во согласност со Тарифата за надоместоци на услуги (без трошоци за процена на недвижен имот до 31.12.2021 година).

Нотарска награда за солемнизација на договорот за залог

Во согласност со нотарската тарифа.

Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга

Не е познат.

Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици

Во согласност со тарифата на осигурителната компанија.

Датум на пример

1.8.2021 година.

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција за деловна мрежа

Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 480

e-пошта: bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.10.2021 година.

 


 

Известување за неработен ден – 11-ти октомври 2021 година (понеделник)
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти октомври 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми септември 2021 година
ТТК Банка АД Скопје ја исплати втората камата на сопствениците на Корпоративни обврзници - прва емисија
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво
Тргување со акции без провизија преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорскиот ден“ на 13-ти септември
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 6-ти септември 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 31-ви август 2021 година
ТТК Банка АД Скопје започнува со издавање и прифаќање Mastercard картички
Одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година
TTK Банка АД Скопје одбележува деценија и пол успешно работење
ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“
Кредити со животно осигурување во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје (со намален или без надоместок за одобрување во промотивен период)
Одлуки донесени на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Заштита на лични податоци Политика за приватност Политика за колачиња
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување