македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Информации за заштита на личните податоци од клиентите

       

 

Информациите наведени во овој документ имаат за цел да Ви дадат преглед на начинот на кој ги обработуваме личните податоци и да Ве запознаат со Вашите права во врска со обработката на личните податоци.

 

Информациите се однесуваат на клиентите, потенцијалните клиенти и други физички лица чии лични податоци ги обработува ТТК Банка АД Скопје на која било законска основа (на пр. жиранти, солидарни должници, заложни должници, полномошници, старатели, наследници, застапници на малолетни лица).

 

1. ИДЕНТИТЕТ И КОНТАКТ ПОДАТОЦИ НА КОНТРОЛОРОТ

Контролор – ТТК Банка АД Скопје

Адреса: ул. „Народен фронт“ бр. 19А 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Телефон: +3892 3247 000

Контакт за лични податоци: Офицер за заштита на лични податоци

e-пошта: oficerzlp@ttk.com.mk

 

2. ШТО СЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И НА КОЈ НАЧИН БАНКАТА ГИ СОБИРА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Лични податоци се сите информации, податоци или нивна комбинација што се однесуваат на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (во натамошниот текст: субјект), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатори како што се име, презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, копија од лична карта, број на сметка, податоци за приход, биометриски податоци, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

 

Банката како контролор собира податоци:

(а) по можност директно од субјектот во каква било комуникација со Банката (усно или писмено). Најчестиот пример за ваков метод на прибирање податоци е поднесување барања за договарање или користење одредена услуга или производ на Банката, каде што собираме податоци преку пропишани барања и форми (на пример, преку апликации за договорни кредитни производи итн.).

Ние, исто така, собираме податоци за време на каква било комуникација со субјектот во експозитурата, преку интернет портали, канали за директна комуникација, при решавање поплаки и сл.;

(б) кои произлегуваат од обработката на какви било податоци за време на обезбедување банкарски и финансиски услуги, како и договорните услуги на производи и услуги на договорните соработници на Банката;

(в) од трети лица врз основа на законска обврска или друга правна основа, како и од јавно достапни извори (на пр. Единствен регистар на иматели на сметки), во согласност со важечките прописи.

При собирање лични податоци, Банката се води според принципот на собирање на минималниот потребен број лични податоци за одредена цел. Предуслов за какво било собирање лични податоци на субјектот е постоење соодветна правна основа.

 

3. КАКО И ЗА КОИ ЦЕЛИ БАНКАТА ГИ ОБРАБОТУВА СОБРАНИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Банката обработува лични податоци во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци, со цел  да може да обезбеди производи или услуги на субјектот.

Личните податоци на субјектот се обработуваат кога е исполнет еден од следниве услови за законитост на обработката:

а) Обработката е неопходна за исполнување на законските обврски на Банката или други цели наведени со закон (на пр. Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам), како и постапување во согласност со индивидуалните акти донесени од надлежните институции на Република Северна Македонија или други тела по чијшто налог Банката е должна да постапува во согласност со законските или со други прописи. Обработката на такви лични податоци е законска

 

обврска и Банката може да одбие да склучи договорна обврска или да обезбеди договорна услуга или да ги прекине постојните деловни односи во случај ако субјектот не ги достави законски пропишаните податоци.

б) Обработката е неопходна за извршување на договорот во кој субјектот е договорна страна или за преземање активности на барање на субјектот пред склучувањето на договорот. Давањето лични податоци за оваа намена е задолжително. Доколку субјектот одбие да обезбеди која било од информациите потребни за склучување и извршување на договорот во кој субјектот е договорна страна, вклучувајќи и лични податоци што се собираат за потребите за управувањето со ризици на начин и во опсегот пропишан со важечките закони и прописи, Банката може да не биде во можност да обезбеди одредени услуги и да одбие да склучи договорен однос.

в) Обработката е неопходна за исполнување на легитимниот интерес на Банката. Под легитимен интерес се подразбира обработка со цел:

  • управување со кредитни, оперативни, репутациски и други ризици на Банката;
  • преземање мерки за управување со работењето на Банката и понатамошен развој на услугите / производите;
  • преземање мерки за обезбедување на луѓето, просториите и имотот на Банката, што вклучува контрола и / или проверка на пристапот до нив;
  • обработка на лични податоци во рамките на Банката за внатрешни административни потреби и заштита на компјутерски и електронски комуникациски системи.

При обработка на личните податоци на субјектот врз основа на легитимен интерес, Банката секогаш ги зема предвид интересите и основните права и слободи на субјектот и особено дека неговите интереси не се посилни од интересите на Банката врз кои се заснова обработката на личните податоци.

г) Субјектот се согласил на обработка на неговите или нејзините лични податоци за една или повеќе посебни цели.

Банката ќе побара согласност за следниве цели:

  • информирање за понудите на Банката, во рамките на кои Банката може да доставува понуди и поволности во врска со нови или веќе договорени производи и услуги на Банката и заради директен маркетинг за развој на деловни односи со Банката, во рамките на кои Банката може да достави поединечно понуди за нови договори. Субјектот на личните податоци има право да се согласи или да не се согласи со употребата на неговите лични податоци за комерцијални цели. Доколку субјектот на личните податоци не се согласи, Банката нема да ги користи неговите лични податоци за комерцијални цели. Субјектот на лични податоци има право во секое време да ја повлече дадената согласност за употреба на личните податоци за рекламни цели, со дополнително поднесување пополнет формулар на шалтерите на Банката;
  • за употреба на банкарски и на финансиски и на сродни услуги на Банката врз основа на развиениот профил, што може да вклучува автоматизирано индивидуално донесување одлуки;
  • учество во истражување на пазарот, како резултат на што Банката може да го покани субјектот да го искаже своето мислење за Банката, производите и услугите на Банката во повремени истражувања;
  • заради единствена идентификација, овластување за трансакции и / или потпишување на документи на субјектот согласностите се доброволни и субјектот може во секое време да ги повлече претходно дадените согласности и има право да се спротивстави на обработката на лични податоци за горенаведените цели. Во тој случај, личните податоци што се однесуваат на субјектот нема да бидат обработени за таа цел, што не влијае на законитоста на обработката на личните податоци врз основа на согласност пред нивното повлекување. Банката нема да одбие да склучи или да изврши договор ако субјектот негира или повлече согласност.  

4. ДАЛИ БАНКАТА СПРОВЕДУВА АВТОМАТСКО ОДЛУЧУВАЊЕ И ПРОФИЛИРАЊЕ?

Во врска со деловните односи со субјектот, Банката не спроведува автоматско индивидуално донесување одлуки што ќе произведе правни ефекти со негативни последици за субјектот во согласност со член 26 од Законот за заштита на личните податоците.

Во некои случаи, Банката применува автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање за процена на склучување или на извршување договори меѓу субјектот и Банката, на пример, донесување автоматски одлуки во процесот на процена на ризикот на субјектот во согласност со Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, при изработка на модел за анализа на ризик за перење пари. Во случај на автоматско донесување одлуки, субјектот има право да не биде предмет на одлука заснована исклучиво на автоматска обработка, односно има право да побара човечка интервенција од Банката за да го искаже својот став и да ја оспори одлуката.

 

 

5. РОКОВИ ВО КОИ  БАНКАТА ГИ ЧУВА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Банката чува лични податоци сѐ додека тие се неопходни за исполнување на договорните и законските обврски. Роковите за чување на документацијата и податоците што Банката ги обработува во своето работење се утврдуваат со посебен внатрешен акт.

Банката чува лични податоци толку долго колку што е утврдено со одредена регулатива што Банката е должна да ја применува во своето работење (на пр. Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам), т.е. не повеќе отколку што е потребно за да се постигне целта за која се обработуваат податоците. Како исклучок, можно е податоците да се обработуваат на подолг временски период кога тоа е потребно за други оправдани цели (на пр. за потребите на судски и други правни постапки, итн.) при што периодите за задржување на податоците може да бидат продолжени. Во ситуации кога не постои пропишан период на задржување за индивидуална обработка на податоците, Банката, како контролор, го дефинира периодот на задржување и податоците секогаш се чуваат онолку колку што е потребно за целите за кои тие се обработуваат.

 

6. КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Пристап до личните податоци имаат вработените во организациските единици и делови во Банката на кои им се неопходни податоците заради исполнување на договорните и законските обврски, или кои имаат легитимен интерес. Банката може да дава информации за клиентите само ако тоа претставува законска обврска или доколку клиентот има дадено согласност за тоа. Во согласност со ова, корисници на личните податоци може да бидат: државни органи, субјекти кои вршат јавни овластувања и институции (Народна банка на Република Северна Македонија, даночни органи, нотари, извршители, вешти лица, судски органи и сл.) доколку постои законска обврска и други банки и институции што даваат финансиски услуги или слични институции до кои Банката доставува лични податоци (кореспондентски банки, депозитарни банки, берза, кредитни агенции и сл.). Банката, исто така, може да доставува лични податоци до давателите на услуги и агентите кои ги користи во следниве области: кредитни услуги, даноци и сметководство, услуги во информатичката технологија, логистика, печатарски услуги, телекомуникации, наплата на долгови, советодавни и консултантски услуги, продажба и маркетинг. Личните податоци на давателите на услуги може да бидат доставени само врз основа на договор склучен со давателот на услуги и претходна проверка дека ги исполнува условите за законска обработка на лични податоци.

Во врска со доставувањето податоци кон корисници, Банката се грижи за доверливоста и обврската за чување банкарска тајна.

 

7. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ

Банката врши пренос на лични податоци во други држави во случај кога субјектот на лични податоци изречно се согласил да се изврши пренос на податоците, кога преносот е неопходен заради склучување или исполнување договор склучен во интерес на субјектот на лични податоци, како и меѓу Банката и трето лице и други случаи под услови и по постапка утврдени со закон.

 

8. ПРАВА НА СУБЈЕКТОТ

Секој субјект чии лични податоци ги обработува Банката како контролор има право (со писмено барање) да бара од страна на контролорот:

(1) Право на пристап до податоците - му овозможува на субјектот да открие дали неговите лични податоци се обработуваат, односно има право да добие потврда од Банката за тоа дали се обработуваат неговите податоци, за целта на обрабoтката, категориите лични податоци, примателите или категориите приматели, предвидениот период во кој ќе се чуваат податоците, итн.

(2) Право на исправка на податоците - му овозможува на субјектот да побара корекција на неточните или нецелосните лични податоци што се однесуваат на него.

(3) Право на бришење на податоците - му овозможува на субјектот да побара бришење лични податоци, при што Банката не смее да ги избрише личните податоци на субјектот доколку обработката е неопходна (на пр. усогласеност со пропишана обврска за чување на податоците  или во случај на поставување, реализирање или одбрана на правни побарувања).

(4) Право на ограничување на обработката на податоците - му дозволува на субјектот да побара ограничување на обработката на личните податоци во случај да ја оспорува точноста на личните податоци, кога смета дека обработката е незаконска и се спротивставува на бришењето  лични податоци и наместо тоа бара ограничување на нивната употреба и во случај кога субјектот поднел приговор за обработката и очекува потврда дали легитимните интереси на контролорот  ги надминуваат интересите на субјектот.

(5) Право на приговор  - му дозволува на субјектот да се спротивстави на обработката на лични податоци ако обработката е извршена од јавен интерес или е неопходна за легитимните интереси на Банката (вклучувајќи профилирање) или ако податоците на субјект се обработуваат за целите на директен маркетинг.

(6) Право за повлекување на согласноста - му дозволува во секое време без да се влијае на законитоста на обработката којашто била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена, кога обработката се врши во случај кога субјектот дал согласност за обработка за една или повеќе конкретни цели.

(7) Право на преносливост на податоците - му дозволува да ги добие неговите лични податоци што ги има дадено на Банката во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што има право да ги пренесе тие податоци на друг контролор без попречување од страна на Банката, ако обработката е заснована врз основа на согласност или врз основа на договорна обврска и се врши на автоматизиран начин.

(8) Право на жалба до надзорниот орган  - т.е. до Агенцијата за заштита на личните податоци.

 

Во врска со правото на пристап и правото за бришење, се применуваат одредени ограничувања во согласност со Законот за банки, Законот за архивско работење, Законот за заштита на лични податоци, Законот за даночна постапка, Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

 

9. ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ПРАВОТО ЗА ПРИГОВОР

Клиентот има право на приговор, во кое било време, во врска со обработката на неговите лични податоци.

Во случај на приговор, Банката нема да продолжи со обработката на личните податоци освен ако постои законски или легитимен интерес за обработка на личните податоци што ги надминува правата за заштита на личните податоци. Банката користи одредени лични податоци за целите на директен маркетинг. Клиентот во кое било време има право на приговор во врска со обработката на личните податоци што се однесуваат за таквиот маркетинг. Ова исто така се однесува на профилирањето, до степен кога тоа се однесува на таквиот директен маркетинг. Во случај на приговор на обработката за потребите на директниот маркетинг, Банката понатаму нема да ги обработува личните податоци за таа цел. Приговорот не подлежи на никакво формално барање и треба да биде адресиран до:

 

ТТК Банка АД Скопје

Офицер за заштита на лични податоци

ул. „Народен фронт“ 19А 1000 Скопје, Република Северна Македонија

e-пошта: oficerzlp@ttk.com.mk

 

10. TАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТОТ

За да обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци на субјектот, Банката применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци и соодветни административни, технички и физички мерки и контроли според воспоставените стандарди за сигурност на информативниот систем, соодветно на ризикот при обработката и природата на податоците што се обработуваат.

 

Овие информации за заштита на личните податоци од клиентите се во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник бр.42 од 16.2.2020 година.

 

 

* објавено на 24.8.2021 година

 


 

Известување за неработен ден – 11-ти октомври 2021 година (понеделник)
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти октомври 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми септември 2021 година
ТТК Банка АД Скопје ја исплати втората камата на сопствениците на Корпоративни обврзници - прва емисија
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво
Тргување со акции без провизија преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорскиот ден“ на 13-ти септември
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 6-ти септември 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 31-ви август 2021 година
ТТК Банка АД Скопје започнува со издавање и прифаќање Mastercard картички
Одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година
TTK Банка АД Скопје одбележува деценија и пол успешно работење
ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“
Кредити со животно осигурување во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје (со намален или без надоместок за одобрување во промотивен период)
Одлуки донесени на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Заштита на лични податоци Политика за приватност Политика за колачиња
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување