Електронско банкарство - Најниски тарифи и БЕЗ НАДОМЕСТОК за издавање на дигитален сертификат
Брзо и ефикасно извршување на вашите финансиски работи, преку услугата електронско банкарство на ТТК Банка. Услугата гарантира максимална заштита и безбедност преку користење на дигитален сертификат кој во ТТК Банка се издава без надоместок.
Со електронското банкарство на ТТК Банка имате можност на брз и едноставен начин од својот дом или работно место да ги извршите следните услуги:
-
Проверка на состојба, приливи и одливи на денарска или девизна трансакциска сметка;
-
Проверка на состојба и аналитички приказ на трансакции на платежна картичка;
-
Проверка на состојба на кредит/депозит;
-
Податоци за курсна листа за избран ден;
-
Аплицирање за Инстант кредит;
-
Барања за издавања на сертификати, токени;
-
Менувачко работење - дозволено само за купување и продавање валути за оние валутни сметки што корисникот ги има во ТТК Банка;
-
Отворање стандарден депозит (како специфична услуга и кусур штедење), пренос на средства на депозит и креирање на траен налог;
-
Плаќања (плаќање сметки за режиски трошоци, уплата на рата за кредит или рата на кредитна картичка), парични трансфери, преглед на реализирани налози и налози кои чекаат на реализација;
-
Промена на дневни лимити на платежни картички (лимит за повлекување на с-ва од АТМ и лимит за on-line плаќања).
Колку е сигурно електронското банкарство?
Услугата гарантира максимална заштита од неовластен пристап, со користење современи методи на шифрирање и дигитален сертификат. Секој корисник, за пристап кон услугата, ќе добие корисничко име и лозинка, која при првото најавување задолжително треба да ја смени. За користење на оваа услуга, корисникот е доволно да има корисничко име и лозинка.
Како станувате корисник на електронското банкарство на ТТК Банка?
Едноставно! Сè што треба е да имате отворено трансакциска сметка во ТТК Банка и да пополните апликација за услугата во која било филијала / експозитура на ТТК Банка. Притоа не заборавајте со вас да понесете документ за идентификација како лична карта или пасош.
Кои технички карактеристики се потребни на вашиот компјутер?
Тарифа на надоместоци - електронско банкарство
Општи услови за електронско банкарство
Политика за приватност на TTK Банка АД Скопје
Барање за овозможување/откажување на користење на услугата електронско банкарство
Лице за контакт:
Александра Стојмановска
Раководител на Оддел за платен промет во земјата и странство
Дирекција за деловна мрежа
Тел. 02/ 32 47 000 лок. 425
e-пошта: aleksandra.stojmanovska@ttk.com.mk
Стево Цветковски
Директор на Дирекција за ИТ
Сектор за ИТ и позадински обработки
Тел. 02/ 32 47 000 лок. 308
e-пошта: stevo.cvetkovski@ttk.com.mk
* Последна промена направена на интернет-страницата 24.8.2021 година.
|