•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити - ПРОМО ФИКС во денари и во евра

ТТК Банка АД Скопје понуди нови промотивни депозити - ПРОМО ФИКС со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 и 25 месеци, во промотивниот период од 8 јули до 15 септември 2022 година.

За ПРОМО ФИКС депозит во денари орочен на 15 месеци фиксната каматна стапка на годишно ниво изнесува 1,50% односно 2,00% за депозит орочен на 25 месеци. За депозит во евра орочен на 15 месеци, фиксната каматна стапка на годишно ниво изнесува 1,00% односно 1,50% за депозит орочен на 25 месеци. Пресметката на каматата се врши месечно по пропорционален  метод со припис или со месечна исплата на каматата на трансакциска сметка по избор на корисниците. 

Повеќе информации за новите ПРОМО ФИКС депозити можат да се најдат на интернет-страницата на Банката, преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК M-banking како и во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје.