•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ на работно место Благајник во Филијала Тетово 07.2022 година

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка-партнер за малите и средните претпријатија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство.

Банката има моментална потреба за вработување на нови лица во рамки на Дирекцијата деловна мрежа, кои ќе целат кон усовршување на благајничките операции, грижа на клиенти и промовирање на производите и услугите кои ги нуди Банката. Од тие причини, ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Благајник во Филијала Тетово

(2 извршители)

Потребни квалификации и способности:

  • ВСС / Економски факултет или соодветно високо образование од областа на економијата или финансиите;
  • Со или без работно искуство (работно искуство во банка или финансиска институција ќе се смета за предност);
  • Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за добредојдено;
  • Одлични комуникациски и продажни вештини;
  • Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети;
  • Ориентираност кон клиенти и промоција на услугите на Банката;
  • Аналитичност, прецизност и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа;
  • Препознавање на ризикот во работењето, способност за работа под притисок и работа согласно законската и интерната регулатива;
  • Извршување на работните активности согласно законската и интерната регуалтива;
  • Висок степен на чесност, етичност и доверливост.

Краток опис на работно место:

  • Отворање и останати активности со денарски и девизни трансакциски сметки на физички лица - резиденти и нерезиденти;
  • Отворање и останати активности со  денарски и девизни трансакциски сметки на правни лица -  резиденти и нерезиденти;
  • Безготовински и готовински трансакции во домашен платен промет;
  • Обработка на налози за плати;
  • Останати активности во областа на платниот промет во земјата;
  • Реализација на готовински и безготовински  налози од областа на девизниот платен промет;
  • Наплата на провизии;
  • Активности во врска со депозити на физички и правни  лица;
  • Промоција и продажба на производите и услугите на Банката;
  • Активности во врска со платежни картички;
  • Уплати, исплати и останати активности  околу брз трансфер на пари;
  • Активности околу електронско банкарство на правни и физички лица;
  • Активности во врска со менувачко работење;
  • Останати услуги во банкарското работење.

Банката нуди:

  • Континуирана обука и можност за професионален развој;
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
  • Динамична организациска култура во која се почитува иницијативноста, креативноста, придонесот и тимскиот дух.

Работно време:
40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Филијалата

Локација на работното место:
Филијала Тетово

Останати информации:

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование и други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 20.07.2022 година (среда), со назнака: „Апликација за благајник во Филијала Тетово“ на следната е-маил адреса: kariera@ttk.com.mk.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде  45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Напомена:

Доставените апликации ќе се третираат како строго доверливи согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од една година.