•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Зголемување на пасивните каматни стапки на штедните влогови на физички лица во денари од 8.7.2022 година

Со важност од 8.7.2022 година, ТТК Банка ги зголеми пасивните каматни стапки на штедните влогови  на физички лица.

Каматните стапки на штедните влогови на физички лица во денари, со рочност од 6 до 60 месеци, од производните категории: стандардно штедење, скалесто штедење и детско штедење се зголемени од 0,20 пп  до 0,25 пп.

Промената се однесува на сите постојни и новосклучени договори со важност од 8.7.2022 година. Каматните стапки се објавени на интернет-страницата на ТТК Банка,  како и на огласните табли во експозитурите и во филијалите на Банката.

Корисниците имаат можност да ги орочат своите средства по конкурентни услови во ТТК Банка и да добијат атрактивни и повисоки каматни стапки во зависност од вложениот износ во рамки на стандардната понуда на производи.