•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ЈАВЕН ПОВИК (ПЈП бр.8/2022) за избор на најповолен понудувач за набавка на компјутерски уреди

ТТК БАНКА АД Скопје објавува jавен повик за прибирање на понуди за набавка на 50 парчиња компјутерски уреди за потребите на Банката. Компјутерските уреди потребно е да се согласно спецификацијата во прилог.

 

Банката со избраниот најповолен понудувач ќе склучи договор за набавка од денот на прифаќање на понудата.

 

Облик и содржина на понудата:

 

1. Понудата се изработува во писмен облик

2. Понудата треба да содржи:

 

  • Назив, адреса и седиште на Понудувачот, телефонски број, e-mail адреса и лица за контакт;
  • Единечна цена на понудата, со посебно изразен ДДВ. Цената треба да биде изразена во денари и во неа да биде вклучен транспортот до Центалниот магацин на Банката на ул. “Народен Фронт” 19А Скопје;
  • Рок на испорака;
  • Гаранциски период.

 

Изборот на најповолен понудувач ќе се врши врз основа на елементите на критериумот економски најповолна понуда (цена – до 70 бода, квалитет – до 10 бода и гаранција – до 20 бода).

 

Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен коверт во писарницата на Банката на следната адреса:

 

ТТК БАНКА АД Скопје

 

Ул. ‘’Народен фронт’’ 19а, 1000 Скопје

(со  назнака  Компјутерски уреди).

 

Рокот за доставување на  понудите  е 09.08.2022 година до 16.00 часот.