•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

ЈАВЕН ПОВИК (ПЈП бр.2/2023) за избор на најповолен понудувач за набавка на бројачи за обработка на книжни пари

ТТК Банка АД Скопје објавува Јавен повик за прибирање на понуди за набавка на осум парчиња бројачи за обработка на книжни пари кои мора да бидат сертифицирани од НБРМ.

Банката со избраниот најповолен понудувач ќе склучи договор за набавка од денот на прифаќање на понудата.

 

Облик и содржина на понудата:

1.  Понудата се изработува во писмен облик

2.  Понудата треба да содржи:

  • Назив, адреса и седиште на Понудувачот, телефонски број, e-mail адреса и лица за контакт;
  • Единечна цена на понудата, со посебно изразен ДДВ. Цената треба да биде изразена во денари и во неа да биде вклучен транспортот до Централниот магацин на Банката на ул. ‘’Народен Фронт’’ 19a Скопје;
  • Рок на плаќање (веднаш, 30 дена, 60 дена);
  • Рок и начин на испорака;
  • Гаранциски период (рок за рекламација на купените производи).

 

Изборот на најповолен понудувач ќе се врши врз основа на елементите на критериумот економски најповолна понуда (цена – до 80 бода и квалитет – до 20 бода).

Понудите се доставуваат во оригинал или во копија во затворен коверт во писарницата на Банката на следната адреса:

ТТК  Банка АД Скопје

Ул. ‘’Народен фронт’’ 19а, 1000 Скопје

(со назнака Бројачи за обработка на книжни пари)

Рокот за доставување на понудите е  03.02.2023 година до 16.00 часот.