•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ЈАВЕН ПОВИК 2023 година за избор на најповолен добавувач за набавка на осигурителни услуги

Почитувани,

ТТК БАНКА АД Скопје објавува повик за избор на најповолен понудувач за набавка на осигурителни услуги за осигурување градежни објекти, основни средства, мебел и компјутерска опрема, парични средства, физички лица, осигурување од одговорност за дејност, во согласност со дадената спецификација (во прилог).

 

Предмет на набавката:

Предметот на набавката е делив на 9 делови и понудувачите може да се пријават за сите предвидени делови или само за одредени делови.

  • Дел 1 – Осигурување од пожар и други опасности;
  • Дел 2 – Осигурување од провална кражба и разбојништво со откупна франшиза (пари при манипулација);
  • Дел 3 – Осигурување машини од кршење со откупна франшиза и откупена амортизација кај делумни штети;
  • Дел 4 – Комбинирано осигурување електрични сметачи и процесори (пожар и некои други опасности, кршење на машини);
  • Дел 5 – Осигурување од пожар и некои други опасности;
  • Дел 6 – Осигурување автомобили;
  • Дел 7 – Осигурување од одговорност од дејност на друштво за застапување во осигурување со важност на осигурувањето од 1.4.2023 до 31.12.2023 година;
  • Дел 8 – Осигурување на вработените во случај на незгода (смрт од незгода, траен инвалидитет, дневен надомест и трошоци за лекување);
  • Дел 9 – Осигурување на вработените во случај на смрт од болест.

Изборот на најповолен понудувач ќе се врши врз основа на критериумот „најниска цена“.

 

Времетраење на договорот:

Услугата осигурување за потребите на Банката ќе се извршува во период од една година, поточно во периодот од 1.4.2023 - 31.3.2024 година, за што Банката ќе склучи договор за набавка со избраната компанија.

 

Лицa за контакт од Банката:

Владимир Ѓеровски, е-пошта: vladimir.gjerovski@ttk.com.mk, телефон: 078 338 842

 

Форма и содржина на понудата:

1. Понудата се изработува во писмена форма на пропишан образец, прилог кон овој повик;

2. Понудата треба да содржи:

  • Име/назив, адреса и седиште на понудувачот, телефонски број и број на факс, адреси за e-пошта и лица за контакт;
  • Финансиска понуда (цена на понудата, со посебно изразен ДДВ);
  • Референтна листа;
  • Тековна состојба на компанијата не постара од 3 месеци;
  • Финансиски извештаи за претходната година (ревидирани);
  • Документ за бонитет издаден од Централниот регистар на РМ;
  • План за континуитет во работењето;
  • Пазарно учество и Извештај за висината на годишните исплатени бруто-штети според извештаите на Агенцијата за супервизија на осигурување.

 

Право на учество имаат осигурителни друштва регистрирани за дејноста предмет на набавка.

Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен коверт во писарницата на Банката, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, на следната адреса:

 

ТТК БАНКА АД Скопје

ул. „Народен фронт“ бр.19а, 1000 Скопје

(со назнака: осигурителни услуги).

 

Рокот за доставување на понудите е 24.3.2022 година до 16:00 часот.