•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

TTK Банка АД Скопје ја исплати каматата за втората година на сопствениците на корпоративни обврзници - втора емисија

ТТК Банка АД Скопје на 14.2.2022 година ја исплати каматата за втората година на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија со ISIN MKTTKS200020 и шифра TTKO2. Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од  2,7% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница - втора емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.2.2022 година. 

 

Во февруари 2020 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде втората емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100 % од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра, и фиксна каматна стапка од 2,7 % на годишно ниво.  

 

Обврзниците се котирани на официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје кадешто се овозможува секундарно тргување со истите.