•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

TTK Банка АД Скопје во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје со многу нови привилегии за клиентите – најповолни кредитни услови и привилегирано членство во „Triglav smart“ програмата за лојалност

ТТК Банка АД Скопје, во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје, следејќи ги потребите на клиентите, воведе низа новини и привилегии за своите клиенти со цел заштеда на семејниот буџет и подигнување на свеста за здрави животни навики. Соработката нуди можност клиентите кои во наредниот период ќе изберат кредит со животно осигурување во ТТК Банка да добијат единствена можност за бесплатно користење на Триглав Смарт картичката за лојалност, која е вистинска бенефиција и нуди користење на попусти и поволности кај огромен број соработници. Програмата е новина на пазарот кај нас и е воведена исклучиво за подигнување на свеста за здрав начин на живот, здрави навики и рана превенција.

Со скенирање на QR кодот можете да ја погледнете целата листа на соработници.

ТТК Банка АД Скопје овозможува брза и едноставна постапка за аплицирање и одобрување на кредитите, на 29 локации и 24/7 поддршка преку електронското банкарство TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank чиешто активирање и користење е бесплатно.

Со вклучување на осигурувањето во својата понуда, ТТК Банка АД Скопје станува прв избор на корисниците за кредитни производи, коишто вклучуваат животно осигурување, а кои Банката ги нуди со атрактивни фиксни каматни стапки  од  4,25%  во првите  2 години  за  СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит; 3,45% во првите 10 години  за  СУПЕР станбен кредит,  односно  4,70%  во првите 3 години за хипотекарен кредит. Кредитите со РИЗИКО кредитното животно осигурување се во понуда  БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивен период до 30.9.2022 година, како и други поволности во редовната понуда на овие производи, како што се: фиксни каматни стапки на подолг рок, подолг рок на отплата, поголеми максимални износи на кредит, без трошоци за администрирање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот.

Со РИЗИКО животното осигурување се добива кредитна заштита, којашто значи дека, во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице, семејството не ги наследува кредитните обврски по основ на кредитот, а дополнителна придобивка е покривање на ризикот од Ковид-19.