•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Електронско банкарство

Електронското банкарство на ТТК Банка АД Скопје ви овозможува користење на услугите на Банката преку Интернет.
Со електронското банкарство на ТТК Банка АД Скопје имате можност на брз и едноставен начин од својот дом или работно место да ги извршите следните услуги:

  • Преглед на промет и состојба на денарска/девизна платежна сметка;
  • Преглед на промет и состојба на платежна картичка;
  • Преглед на промет и состојба на кредит/депозит;
  • Орочување стандарден депозит;
  • Аплицирање за кредит;
  • Плаќања (плаќање сметки за режиски трошоци, уплата на рата за кредит/кредитна картичка);
  • Преглед на реализирани налози и налози кои чекаат на реализација;
  • Преглед на реализирани налози од мобилно банакрство;
  • Промена на дневен лимит за картичка (за банкомат, ПОС терминал, плаќања преку Интернет);
  • Инфо. за курсна листа;
  • Менувачко работење - дозволено само за купување и продавање валути за оние валутни сметки што корисникот ги има во ТТК Банка.

Што добивате?

Со електронското банкарство на ТТК Банка АД Скопје го заштедуваме вашето скапоцено време и ви даваме можност да имате 24-часовен увид во Вашите сметки од кое било место на планетата. Сè што ви е потребно е интернет-конекција и вие сте тука, кај нас!

Колку е сигурно електронското банкарство?

Услугата гарантира максимална заштита од неовластен пристап, со користење современи методи на шифрирање и дигитален сертификат. Секој корисник, за пристап кон услугата, добива корисничко име и лозинка, која при првото најавување задолжително треба да ја смени. За користење на оваа услуга, корисникот е доволно да има корисничко име и лозинка.

Како станувате корисник на електронското банкарство на ТТК Банка АД Скопје?

Едноставно! Сè што треба е да имате отворено платежна сметка во ТТК Банка АД Скопје и да пополните апликација за услугата во која било филијала/експозитура на ТТК Банка АД Скопје. Притоа не заборавајте со вас да понесете документ за идентификација како лична карта или пасош.

Кои технички карактеристики се потребни на вашиот компјутер?

  • Оперативен систем Windows 2000;
  • Internet Explorer;
  • Пристап кон интернет.
Повеќе препораки за безбедност при користење на Електрoнското банкарство на ТТК Банка АД Скопје, можете да прочитате:
Корисничко упатство за електронско банкарствоПолитика за заштита на приватноста на интернет-страницата на ТТК Банка АД СкопјеПрепораки за корисниците за безбедно користење на електронското банкарство