•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Денарска трансакциска сметка

ТТК Банка АД Скопје Ви овозможува брза и едноставна постапка за отворање трансакциска сметка во сите филијали и експозитури на Банката.

Со отворањето сметка во Банката, имате можност да ги користите следните финансиски услуги:

  • вршење безготовински и готовински трансакции;
  • дозволено пречекорување на сметка во висина до три плати;
  • следење на состојбата и промените на Вашата сметка во Банката;
  • 24/7 пристап до Вашата сметка преку електронското банкарство TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank;
  • можност за работење со дебитните картички на ТТК Банка;
  • пристап до услуги без или со најниски надоместоци.

Повеќе информирајте се за работењето со денарска сметка!

Кој може да отвори денарска сметка?

  • Физички лица - државјани на Република Северна Македонија;
  • Физички лица - странски државјани кои, во согласност со законската регулатива, имаат третман на резидент;
  • Малолетни лица и лица на кои им е одземена деловната способност, кои пред Банката ги застапува законски застапник, односно старател во согласност со законските одредби.

Сопственикот на трансакциската сметка може да даде овластување на друго лице кое ќе располага со средствата од неговата сметка. При овластувањето мора да биде присутно и лицето кое ќе се овластува. Овластувањето се врши на шалтерите во експозитурите и филијалите на Банката.

Можности

  • Уплати и исплати во денари по разни основи (на пр. плати, пензии и друго);
  • Дозволено пречекорување во висина до три плати;
  • Можност за отворање траен налог со кој се врши отплата на кредити и плаќање трошоци;
  • Издавање полномошно со согласност на сопственикот;
  • Информирање за состојбата на сметката преку извод на шалтер на ТТК Банка АД Скопје;
  • Можност за отворање траен налог за автоматско префрлање на средствата од трансакциска сметка на штедна сметка (т.е. план на штедење);
  • Можност за користење на електронско банкарство TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank на ТТК Банка АД Скопје.

Валута, каматна стапка, метод и период на пресметка на камата

  • Во денари (МКД);
  • 0,00% годишна променлива каматна стапка на средствата на трансакциската денарска сметка;
  • Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,00 процентни поени годишна променлива каматна стапка на износот на дозволеното пречекорување.

Пресметката на камата се врши месечно со примена на пропорционален метод.

Други услови

  • Индивидуално отворање трансакциски сметки;
  • Со средствата од трансакциската сметка може да раполагате преку:
    • потписна картичка – за вршење готовински уплати и исплати, како и за безготовински пренос на средства на други сметки во Банката и на сметки во други банки;
    • дебитна картичка (Visa Classic Debit) – за плаќање стоки и услуги во трговија, како и подигнување готовина на широка мрежа на продажни места и банкомати во земјата и во странство.

Потребни документи

  • Барање за отворање трансакциска сметка;
  • Документ за идентификација (важечка лична карта или пасош);
  • Договор за трансакциска сметка.

Тајност

  • Податоците за средствата на трансакциската сметка се деловна тајна.