•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Денарска сметка

Со отворањето сметка во ТТК Банка ви нудиме пристап до голем број производи и услуги кои се креирани според вашите бизнис потреби, брз и едноставен пристап до платниот промет во земјата и во странство, како и професионална услуга од страна на нашите вработени кои ќе ви дадат целосна поддршка во вашето секојдневно работење.

Со отворањето сметка имате можност да ги користите следните финансиски услуги:

  • вршење безготовински и готовински трансакции;
  • целосен преглед на Вашата финансиска состојба во секој момент;
  • следење на состојбата и промените на Вашите сметки во Банката;
  • уплата на дневен пазар преку „Cash In“ банкоматите – без надомест;
  • 24/7 пристап до Вашите сметки преку електронското банкарство TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank;
  • можност за работење со картички од брендовите Mastercard® и Visa;
  • располагање со средствата во секое време преку мрежата на банкомати;
  • пристап до услугите без или со најниски надоместоци.

Повеќе информирајте се за работењето со денарска сметка!

Кој може да отвори трансакциска сметка?

  • Правни лица - резиденти и нерезиденти.

Валута:

  • Во денари (МКД).

Потребни документи:

  • Барање за отворање сметка (достапно во Банката);
  • Решение за упис во трговскиот регистар, односно во регистарот на надлежниот орган или акт од надлежен орган за основање, ако учесникот не е запишан во регистар и не е основан врз основа на закон или извадок од закон, и ако учесникот е основан во согласност со закон;
  • Решение за распоредување на деловниот субјект според претежната дејност, во согласност со Националната класификација на дејностите;
  • Доказ за единствен даночен број ЕДБ;
  • ЗП Образец заверен на нотар;
  • Доказ дека сметката е пренесена од Министерството за финансии – Управа за јавни приходи или последен извод од сметка отворена во друга банка.

Процедура за отворање сметка за странски правни лица – нерезиденти:

  • Барање за отворање сметка (пополнето и потпишано од управителот или од овластено лице);
  • Регистрација на странското правно лице (оргинал или заверена од нотар или суд);
  • Извод од трговски регистар (не постар од 3 месеци);
  • Писмено овластување за лицата кои ќе ја застапуваат фирмата;
  • Документ за идентификација (нотарски заверена копија од пасош за лицата овластени за работа со сметката и од овластувачот);
  • Писмена изјава од нерезидентот дека е запознат со позитивните прописи во земјата;
  • Договор со нерезидентот, во кој се регулирани начинот на отворање, водење и затворање на сметките, начин на прием и извршување на налозите за плаќање и наплата, начин на известување за приливи и одливи на сметките и сите трошоци и провизии.

Тајност

  • Податоците за средствата на сметката се деловна тајна.