•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

ТТК Банка АД Скопје – генерален спонзор на 44-тото традиционално искачување на Титов Врв

ТТК Банка и оваа година, како генерален спонзор, беше дел од 44-тото традиционално искачување на Титов Врв, кое во организација на П.К. „Љуботен“ – Тетово обедини повеќе од 650 планинари и љубители на планината од земјата и регионот. 
Веќе две децении, ТТК Банка поддржува традиција што ги инспирира луѓето да ги поместуваат сопствените граници, да живеат поактивно и да градат одговорен однос кон природата, пренесувајќи ги овие вредности и на новите генерации.
Посебна вредност годинава донесоа детското катче и детската планинарска тура, каде најмладите низ игра, дружење и активности во природа имаа можност да го почувствуваат духот на планината и да стекнат нови искуства.
Искрена благодарност до П.К. „Љуботен“ – Тетово за долгогодишната посветеност и одличната организација, како и до сите учесници кои и оваа година придонесоа Титов Врв повторно да биде место каде се слават истрајноста, спортскиот дух и почитта кон природата.

Arrow left white