•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ТТК Банка АД Скопје – генерален спонзор на 43-тото традиционално искачување на Титов Врв

На 25 мај 2025 година (недела), се одржа 43-тото традиционално искачување на Титов Врв, во организација на Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово, а со поддршка од генералниот спонзор ТТК Банка.

Ова значајно планинарско случување, посветено на искачување на највисокиот врв на Шар Планина – Титов Врв (2.748 м), оваа година собра околу 350 планинари од 28 планинарски друштва и 3 различни земји. Искачувањето се одвиваше по „Вакуфска патека“, долга 14 километри, со висинска разлика од 1.047 метри, во предизвикувачки временски услови..

Горди сме што, како долгогодишен партнер и генерален спонзор на овој настан, активно придонесуваме кон развојот на планинарската култура, промоцијата на здравите животни навики и јакнењето на еколошката свест.

Искачувањето на Титов Врв не е само спортски подвиг, туку и симбол на истрајност, заедништво и љубов кон природата. Воедно, претставува потсетник за нашата заедничка одговорност кон здравјето, заедницата и зачувувањето на животната средина.

Како општествено одговорна компанија, ТТК Банка продолжува да го поддржува планинарењето како рекреативна и здравствено корисна активност, особено значајна за младите и идните генерации, како и да поттикнува одржливи навики и активен однос кон природата.

Упатуваме искрена благодарност до Планинарскиот клуб „Љуботен“ за беспрекорната организација и за успешната реализација на настанот и срдечно честитаме 100 години постоење – еден век инспирација, страст кон планините и несебична посветеност кон развојот на планинарството во Македонија.

Arrow left white Arrow left white