•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

ТТК Банка АД Скопје одбележа 20 години од своето основање – две децении доверба, стабилност и раст

Формирана во 2006 година, врз темелите на повеќедецениската банкарска традиција, ТТК Банка во изминатите две децении оствари стабилен раст, континуиран развој и изгради стабилна позиција на македонскиот банкарски пазар. Во текот на своето работење Банката обезбеди финансиска поддршка за илјадници граѓани, компании и институции во остварувањето на нивните лични, деловни и развојни цели.

По повод 20-годишниот јубилеј, во прекрасниот амбиент на Попова Шапка, ТТК Банка организираше свечена прослава на која присуствуваа вработените, членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Банката и претставници на доминантниот акционер „Тетекс“ АД Тетово. На прославата беа одбележани достигнувањата, заедничките успеси и придонесот на сите кои низ годините придонесоа за развојот на Банката.

Во своето поздравно обраќање, претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, д-р Драгољуб Арсовски, се осврна на развојниот пат на Банката, истакнувајќи дека успехот на ТТК Банка е резултат на јасна визија, на одговорно управување и, пред сè, на довербата што Банката ја ужива кај своите клиенти, акционери, деловни партнери и заедницата. Тој истакна:

„Дваесетгодишниот јубилеј на ТТК Банка претставува значаен момент за сите нас и можност со гордост да се осврнеме на патот што го изминавме заедно.
ТТК Банка е создадена врз темелите на традицијата, а во изминатите две децении изгради препознатлив идентитет заснован на професионалност, на силна корпоративна култура и вредности што ја обликуваат нашата работа, нашите одлуки и односот кон клиентите. Токму тие вредности се двигател на нашиот развој и основа врз која ја градиме иднината.

Особено сме горди на нашите вработени, чиешто знаење, интегритет и професионализам се вградени во секое наше достигнување и претставуваат цврста основа за идниот развој на ТТК Банка.

Како банка со доминантен домашен капитал, остануваме доследни на нашата определба да создаваме долгорочна вредност, да бидеме сигурен и доверлив партнер на нашите клиенти и активно да придонесуваме за развојот на заедницата.“

Во рамките на јубилејната прослава, на вработените кои веќе 20 години се дел од ТТК Банка им беа врачени благодарници како признание за нивниот долгогодишен придонес, професионалност и посветеност во развојот на Банката.

По повод значајниот јубилеј, ТТК Банка упатува искрена благодарност до своите клиенти, акционери, деловни партнери и вработени, чијашто доверба, поддршка и посветеност се вградени во секое достигнување на Банката.

Горда на постигнатото во првите 20 години, ТТК Банка продолжува со истата енергија, одговорност и амбиција да создава нови можности за сите.

Затоа што највредните приказни се создаваат заедно – чекор по чекор, година по година.

ТТК Банка – 20 години заедно. Посветени на иднината.