•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Известување за исплата на пензиите од 31-ви јули 2023 година

Почитувани,

Ве известуваме дека почнувајќи од 31-ви јули 2023 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец јули на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Oд 31.07.2023 г. (понеделник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.

За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во две групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

  • до ≤ 14.000 денари на 31.07.2023 г. (понеделник)
  • над > 14.000 денари на 01.08.2023 г. (вторник)

Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank,  со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.

Со почит,

ТТК Банка АД Скопје