•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 5 јуни 2025 година

Ве известуваме дека oд денес, четврток, 5.6.2025 година (после 13:00 часот) ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец мај 2025 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната платежна сметка во Банката.
Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со средствата од 5.6.2025 година (четврток), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
За корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
- 5.6.2025 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ;
- 9.6.2025 (понеделник) М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Искористете ја предноста средствата да ги користите со безготовински плаќањa во трговската мрежа, со плаќања преку интернет банкарство TTK E-bank или мобилната апликација TTK M-bank, или да ги подигнете без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје