Почитувани,
Ве известуваме дека Банката изврши измена и дополнување на Општите услови и претходни информации за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лица и Тарифата за надоместоци на услуги на ТТК Банка во делот на платежните услуги за физички лица кои ќе се применуваат од 28.7.2025 година, односно од 1.8.2025 година.
Измените во Општите услови се однесуваат на одредбите за: авторизација на платежни трансакции, канали за комуникација, заштитни и корективни мерки, како и одредени технички прилагодувања. Ревидираните Општи услови и претходните информации за отворање и одржување платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лица се објавени на следнава врска.
За измените и дополнувањата на Тарифата за надоместоци на услуги на ТТК Банка АД Скопје во делот на платежните услуги за физички лица можете да се информирате на следнава врска.
Измените во Општите услови и во Тарифата за надоместоци за услугите на ТТК Банка АД Скопје во делот на платежните услуги за физички лица се достапни на порталот на Банката за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги на следнава врска, или во хартиена форма во филијалите и експозитурите на Банката.
Во согласност со Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека, како корисник на платежни услуги, ги прифаќате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примената на измената не ја известите Банката дека ги одбивате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, имате право да го раскинете Рамковниот договор, на кој било датум пред датумот на примената на измените, без да платите трошок или надоместок за раскинувањето.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје