•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Известување за измени во Тарифата за надоместоци на платежни услуги за правни лица со примена од 28.07.2025 година односно од 01.08.2025 година

Почитувани,

Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје  изврши измена и дополнување на Тарифата за надоместоци на услуги на ТТК Банка во делот на платежните услуги за правни лица кои ќе се применуваат од 28.7.2025 година, односно од 1.8.2025 година.

За измените и дополнувањата на Тарифата за надоместоци на услуги на ТТК Банка во делот на платежните услуги за правни лица можете да се информирате на следнава врска.

Истите се достапни и во хартиена форма во филијалите и експозитурите на Банката.

Во согласност со Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека, како корисник на платежни услуги, ги прифаќате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примената на измената не ја известите Банката дека ги одбивате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, имате право да го раскинете Рамковниот договор, на кој било датум пред датумот на примената на измените, без да платите трошок или надоместок за раскинувањето.

Со почит,
ТТК Банка АД Скопје