Почитувани,
Ве известуваме дека ТТК Банка изврши измена и дополнување на Општите услови за електронско/мобилно банкарство кои ќе се применуваат од 28.7.2025 година.
Измените и дополнувањата се однесуваат на воведување на услугата Виза+ за иницирање кредитни трансфери на средства од платежни картички, дополнително усогласување на Општите услови со постојните функционалности, како и одредени технички прилагодувања. Ревидираните Општи услови се објавени на следнава врска.
Тие се достапни и на порталот на Банката за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги на следнава врска, или во хартиена форма во филијалите и експозитурите на Банката.
Во согласност со Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека, како корисник на платежни услуги, ги прифаќате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примената на измената не ја известите Банката дека ги одбивате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, имате право да го раскинете Рамковниот договор, на кој било датум пред датумот на примената на измените, без да платите трошок или надоместок за раскинувањето.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје