Почитувани,
Ве известуваме дека почнувајќи од 1.10.2026 година ТТК Банка ќе започне со издавање на Visa Platinum премиум дебитна картичка.
Visa Platinum е премиум дебитна картичка за физички лица, поврзана со платежната сметка на корисникот, која овозможува безготовински трансакции, интернет плаќања и 24/7 пристап до расположливите средства.
Visa Platinum картичката овозможува користење на поволности и попусти во рамки на Premium програмата, организирана и управувана од Visa Inc.
Со важност од 01.12.2026 година се врши измена на Општи услови за издавање и користење на дебитни и кредитни картички за физички лица.
Измените во Општите услови се однесуваат на измени и дополнувања во делот на:
- Точка 1 (Дефиниции) – дополнување на дефиниции;
- Точка 2 (Издавање картичка) – дополнување на можноста за издавање на дебитна картичка на малолетно лице со наполнети 16 години;
- Точка 4 (Обновување на картичката) – дополнување на можност за добивање картичка од друг бренд при обнова на картичката;
- Точка 5 (Користење на картичката) – дополнување на насоките за користење на картичка при плаќања на POS терминал, плаќања преку интернет и посочување за информирање за одредби за авторизација на платежни трансакции како и заштитни и корективни мерки;
- Точка 6 (Услови на плаќање) – дополнување на одредбите со можноста корисникот да го измени дневниот лимит;
- Точка 8 (Рекламации) – поопширно дефинирање на насоките и роковите за поднесување на рекламации;
- Точка 9 (Губење или кражба на картичка) – технички корекции;
- Точка 12 (Други одредби) – поопширно дефинирање на процесот за информирање на корисниците при измени на трифни ставки и каматни стапки.
Корисник, малолетно лице со наполнети 16 години може да аплицира и да стане корисник на дебитна картичка преку законски застапник со потпишување на нов Договор и Општи услови за издавање и користење на дебитни картички за физички лица почнувајќи од 1.10.2026 година.
За измените и дополнувањата можете да се информирате со увид во ревидираните Општи услови за издавање и користење на дебитни и кредитни картички за физички лица на Портал за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги https://documents.ttk.com.mk, во хартиена форма на шалтерите на ТТК Банка како и на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk на следниве линкови:
Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека како корисник на платежни услуги, ги прифаќате измените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примена на измената не ја известите Банката дека ги одбивате измените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, имате право да го раскинете Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените без да платите надоместок за раскинувањето.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје