Почитувани,
Ве известуваме дека ТТК Банка изврши измени и дополнувања на Општите услови и претходни информации за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за правни лица како и измени и дополнувања на Рамковниот договор за отворање и одржување на платежна сметка на правно лице кои ќе се применуваат од 1.9.2026 година.
Ревидираните Општи услови и претходни информации за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за правни лица и Рамковен договор се достапни на интернет-страницата на Банката на следниов линк.
За повеќе детали за промените можете да се информирате на следниов линк.
Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека како корисник на платежни услуги, ги прифаќате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примена на измената не ја известите Банката дека ги одбивате измените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, имате право да го раскинете Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените, без надоместок за раскинувањето.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје