Почитувани,
Ве известуваме дека ТТК Банка изврши измени и дополнувања на Општите услови и претходни информации за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лица како и измени и дополнувања на Рамковниот договор за отворање и одржување на платежна сметка на физичко лице кои ќе се применуваат од 1.11.2026 година.
За измените и дополнувањата можете да се информирате преку Порталот за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги https://documents.ttk.com.mk/, како и со увид во Ревидираните Општи услови и Рамковен договор, кои се достапни на интернет-страницата на Банката на следниве линкови:
Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека како корисник на платежни услуги, ги прифаќате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примена на измената не ја известите Банката дека ги одбивате измените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, имате право да го раскинете Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените, без да платите трошок или надоместок за раскинувањето.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје